Скопје 04. февруари 2019. / 20:33

(ФОТО) Се поплави Илинденска кај Сити Мол

(ФОТО) Се поплави Илинденска кај Сити Мол

На булевар „Илинден“ во близина на трговскиот центар Скопје Сити Мол во моментов има поплава поради пукната цевка.

Од Град Скопје велат дека екипите се на терен и работат на средување на дефектот.

-Ве известуваме дека на булевар „Илинден“ во близина на ПроКредит Банка и Сити Мол, има голем дефект, пукната е водоводна цевка F400. Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ веќе се на терен и започнаа со санирање на дефектот. – велат од Градот.