Симболот на првото знаме на независна Македонија, Сонцето од Кутлеш, од понеделникот не смее да стои на ниту еден споменик, ниту пак институција или јавно место. Ова е „запечатено“ со Договорот од Нивици на кој се согласи македонската Влада во јуни минатата година, пишува порталот Економски.мк.
Владата издаде и наредба до општините да го отсранат Сонцето на Вергина на сите јавни места.
Денеска се отстрануваше од шахтите на улицата „Никола Кљусев“ кај МЕПСО во Скопје.
Инаку, за периодот од шест месеци од стапување во сила на Договорот, кој инаку истече во понеделникот, власта се обврза симболот од Вергина да биде тргнат, а на спомениците што упатуваат на тој период да бидат истакнати ознаки дека се дел од античката хеленска историја и цивилизација.
–Втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба – стои во чл.8 од Договорот.
Пред само два месеца на спортски натпревар во Струмица навивачката група Комити влезе во конфликт со обезбедувањето поради веењето знаме со симболот од Кутлеш.
Нејасно е како власта ќе ја забрани употребата на Сонцето од Кутлеш. Дали освен спомениците, шахтите, овие обележја ќе мораат да се тргнат и од фасадите на домовите, спортските сали, цркви но и дали и натаму граѓаните ќе можат да ги веат знамето со симболот од Вергина.
Ќе се тргнат ли и сувенирите за домашните и странски туристи кои го имаат симболот?
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.