Снегот од рано утринава почна да вее низ цела Македонија, а интензивните врнежи ќе продолжат и во текот на ноќта. Поради врнежите од снег попладнево воведена е забрана на сообраќајот за тешки товарни возила на неколку патни правци.
Во Скопје пак, на улиците се трупа снег, и додека градските власти уверуваат дека зимските служби интервенираат на терен, вечерва поради наврнатиот снег во скопски Трнодол неколку возила се излигаа и се судрија.

Подоцна во своја објава, Ранко Петровиќ сопственик на Радио Бубамара на неговиот фејсбук објави дека во обид да помогне на судрените во Трнодол паднал на главата и доживеал ризична повреда. Тој за лизгањето го обвини градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, кој уште пред десетина часа објави дека ги прска улиците со течност која ги штити од замрзнување.
Другари, ретко кога пишувам лично за некого, но вечерва доживеав ризична повреда поради опасно играње со човечки животи…
Posted by Ranko Petrovik on Saturday, February 13, 2021
-Зимската служба на Град Скопје врши превентивна интервенција на критичните точки и мостовите во градот, заради најавените врнежи од снег и ниските температури, објави денеска градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во градот лута што Скопје е блокирано и непроодно од првиот снег, денеска го праша градоначалникот Петре Шилегов за што троши по 1 милион евра кога Скопје е непроодно при првиот снег.
-Неспособноста на Шилегов се покажа при првиот снег. Само за лани и пред две години потрошени се еден милион евра за наводно чистење на снег кој не падна, а сега Скопје е блокирано. 64.900.000,00 денари или над 1 милион евра е договорот кој Петре Шилегов го склучи со фирмата „Аполо Инженеринг“ за изнајмување на возила за чистење на снег на улици во Скопје во периодот од 15-ти ноември до 15-ти март за 2019-2020 година, реагираат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Реагираат и граѓаните
Социјалните мрежи се преплавени со објави, фотографии и видеа од неисчистени сообраќајници низ главниот град на државата.
Да му дочарам на Васиља како му работат службите за чистење #снег #Скопје pic.twitter.com/EJBG7FRddO
— Патлак илити пиштол (@posleDIKnaPIK) February 13, 2021
Додека градоначалникот на Карпош @stefanbogoev по социјалните мрежи се фали дека чисти снег низ Карпош, граѓаните на Карпош се обидуваат да се справат со лизгавите и непроодни улици. Срамота!!! pic.twitter.com/nQSfdglQ55
— Суспендираната (@suspendiranata) February 13, 2021
Шилегов, подготвен? Снег, сега, старт! pic.twitter.com/TyaoBTH9qk
— Dear John (@DearJohnMKD) February 13, 2021
Добро чистење снег @OpstinaKarpos – продолжете така
👇🏻👇🏻 pic.twitter.com/wg8FZjPblp— Маската (@ThePhantasm45) February 13, 2021
Денес #Шилегов и по 7 часа лабав си е… pic.twitter.com/h9hqbuHBDx
— caSyS Македонија (@KajMakamot) February 13, 2021
Во Законот за јавна чистота се пропишува дека општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје се должни да го исчистат снегот од јавните површини најдоцна во рок од 6 часа од почетокот на снежните врнежи.