Скопје 30. ноември 2019. / 11:45

(ФОТО) Не ја издржаа првата прошетка: Распукаа мермерните плочи на зелениот покрив на Шилегов

(ФОТО) Не ја издржаа првата прошетка: Распукаа мермерните плочи на зелениот покрив на Шилегов

„Езерца, клупи, фонтани, зеленило кои на Скопјани треба да му пружат уживање при посетата на најстариот троговски центар во Македонија“.  Вака Шилегов вчера се пофали дека зелениот кров на ГТЦ ќе раѓа многу убави спомени за нашите сограѓани.

Но, граѓаните преку социјалните мрежи реагираат дека зелениот кров на ГТЦ не издржа ниту еден ден. Фотографија која се споделува по пат на мрежата твитер покажува дека мермерните плочи не ја издржаа првата прошетка откако зелениот покрив беше пуштен во употреба.

Синоќа медиумите објавија видео од кое се гледа како прокиснува таванот во трговскиот што се наоѓа токму под зелениот покрив, односно под големата фонтана.

Сумата за зелениот покрив изнесува околу 550.000 евра, а во неа се вклучени и градежните и изолациските работи беше кажано на вчерашното отворање на зелениот покрив на ГТЦ.