Од вчера стартуваше една од мерките за намалување на загадувањето во градот Скопје, користењето на јавниот превоз во Скопје да биде бесплатно.
И градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски ги испочитува мерките, па до своето работно место се возеше со јавен превоз.
Да тргнеме од себе. Да ги оставиме автомобилите и да ги почитуваме мерките на Град Скопје. Со јавен превоз за службени потреби, напиша градоначалникот Наумоски на својот Фејсбук профил