Се исуши тревата која требаше да му даде свежина на дел од плоштадот, кој неодамна беше реконструиран за што беа потрошени над 500 илјади евра. Тревникот за кој градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов рече дека е донација од анонимни граѓани почна да жолтенее. Нејасно е дали станува збор за негрижа на градските служби или пак станува збор за нешто друго.
Прескапо платеното уредување на овој дел од плоштадот не го даде очекуваниот ефект, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ објавувајќи фотографии од исушениот тревник.
– Немарноста на градоначалникот Шилегов уште еднаш се покажа на дело. Да се потсетиме дека претходното лето сите паркови во градот Скопје пожолтеа поради неработењето и негрижата на Петре Шилегов, реагираат од Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.
Според денешните фотографии можеме да заклучиме дека пожолтените паркови и ова лето нема да го одминат градот Скопје.