Скопје 27. декември 2020. / 15:51

(ФОТО) Дедо Мраз ги изненади дечињата на Детската клиника во Скопје

(ФОТО) Дедо Мраз ги изненади дечињата на Детската клиника во Скопје

Дедо Мраз денеска им однесе пакетчиња на децата кои се хоспитализирани на Детската клиника во Скопје.

Во изненадувањето учествуваа и скопските пожарникари, кои во 9:00 часот ги вклучија сирените во кругот на клиниката и го најавија доаѓањето на Дедо Мраз.

Поради пандемијата со ковид-19, наместо да влегува во Клиниката, Дедо Мраз ги однесе пакетчињата преку пожарникарските скали.

На терасата со дечињата беше и министерот за здравство Венко Филипче, кој потоа ги подели пакетчињата.