Ведра, со поглед полн со живот и брчки кои сепак ѝ ги издаваат годините и искуството кои ги има зад себе. Марица Андреева наполни 100 години и е најстариот жител на општина Центар.
По поводн нејзиниот роденден ја посети градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.
– Денес ја посетив баба Марица Андреева. Таа е најстариот жител во Општина Центар и пред само неколку дена наполни 100 години. Иако годините ја надвиснале, блажината на нејзиниот поглед и позитивниот дух е она што и останало и ден денес.
Стара скопјанка, родена и израсната во Маџир маало, раскажува како куќата од нејзиното детство се уште е таму како сведок на спомените. Со нејзините деца разговаравме за животот на баба Марица, а тие ми раскажаа по некоја случка и анегдота на кои таа сеуште се смееше.
Се испративме со желби пак да се видиме за наредниот 101 роденден. – напиша градоначалникот, Саша Богдановиќ.