Синоќа непознати лица го оштетиле бикот кој се наоѓа на улица Македонија и му ја скршиле опашката.
Скулптурата бик која беше дел од проектот „Скопје 2014“ со која се фотографираа посетителите на главниот град беше мета на несовесни граѓани, како што е објавено на ФБ профилот „Скопје Скопска“.
Се надеваме дека во најбрзо време Град Скопје ќе ја санира штетата.