Скопје 22. ноември 2019. / 17:06

ЕВН: Снабдувањето со електрична енергија во скопското село Грчец е нормализирано

ЕВН: Снабдувањето со електрична енергија во скопското село Грчец е нормализирано

Снабдувањето со електрична енергија во скопското село Грчец е нормализирано. Санирани се дефектите и постигнат е начелен договор да се продолжи со реконструкцијата на дистрибутивната мрежа, соопштуваат од ЕВН Македонија.

Екипите се упатија на терен да ги санираат дефектите и добија ветување дека нема да бидат напаѓани и спречувани во работата. Ова населено место беше подолг период без електрична енергија поради тежината на дефектот кој настана поради неконтролирана потрошувачка на електрична енергија, големиот број нелегални приклучоци и спречувањето на екипите на Електродистрибуција да ја завршат започнатата реконструкција на мрежата. Во конкретниот случај прекин на снабдувањето е настанато на далекуводот кој го напојува селото и во една од диструбутивните трансформаторски станици, се вели во соопштението на ЕВН.

Од таму информираат дека тие и понатаму се подготвени за решавање на проблемот и договор со корисниците со цел комплетно реализирање на проектот за реконструкција на мрежата со што ваквите дефекти ќе бидат минато, а ќе се воведе ред во снабдувањето и наплатата на сметките за потрошена електрична енергија