За оние чие што презиме почнува на Г, а името не им е ни до крај дадено како што треба, а почнува на П (а и оние кои така наивно неколку месеци влегоа во неговата ”шема”):
На времето (кога бев млад, а богами и мал), Балашевиќ имаше песна која се викаше: Уместо матурске слике на таблоу …
И така .. за сите не(себе)докажани, наместо одговор …
Пречек на Нова Година 2019/20 во Скопје …, напиша Шилегов на социјалните мрежи.
Овој коментар на Шилегов следи откако, познатиот музичар Петар Ѓеоргиевски , попознат како Перо Камиказа на Фејсбук објави документи за прославата на Нова година која ја организираше градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Ѓеоргиевски , според приложените документи тврди дека целата организција на новогодишната ноќ чинела неверојатни 260.000 евра додека настапот на босанската ѕвезда Дино Мерлин бил платен 100.000 евра.