Скопје 16. април 2019. / 11:20

Еве кој делови од Скопје ќе останат утре без струја

Еве кој делови од Скопје ќе останат утре без струја

Заради закажани тенички зафати во електродистрибутивната мрежа утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Илинден, Арачиново, Гази Баба, Студеничани и Центар.

Во периодот од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат објектите на Нептун, ЈЦС Шпед и Градежен Институт во општина Илинден и долниот дел од Арачиново од Полициската станица до средина на Арачиново.

Без струја во периодот од 07:30 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од ул. „519“ и околните споредни улици во населбата Керамидница во општина Гази Баба, во период од 09:00 до 17:30 часот дел од село Долно Количани во општина Студеничани и во период од 09:00 до 10:30 часот ул. „Рузвелтова“ бр. 8  во општина Центар.