Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од општините Сарај, Сопиште, Ѓорче Петров и Студеничани, соопштуваат од РСЦУК – Скопје.
Во периодот од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од селата Глумово, Шишево и Матка, општина Сарај.
Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул.„10“ во село Долно Соње, општина Сопиште.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без стрја ќе останат корисниците од улиците бр. „19“ и бр. „25“ во село Волково, општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 10:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Студеничани и Морани, Општина Студеничани.
Без вода утре дел од жителите на Општина Аеродром
Без вода утре од 09:00 часот ќе останат корисниците на бул.„АСНОМ“ бр.26 во Општина Аеродром.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради промена на затварач (шибер) на водоводна мрежа со пречник од Ф – 150мм на бул.„АСНОМ“ бр. 26 во Општина Аеродром.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.