Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски станува инвеститор кој гради зграда на атрактивна локација во општината каде беше градоначалник – покажуваат документите до кои стигна Радио Лидер.
Коневски, кој е близок соработник на сега притворените поранешен директор на УБК Сашо Мијалков на 20.03.2020 година склучил договор каде се јавува во улога на инвеститор. Се работи за заедничко градење на објект на ГП 5.11 ДУП локалитет Црква УЕ Б.
Договорот е склучен преку неговото правно лице, “Адвокат Ивица Коневски” кое се јавува како инвеститор.
Имено, според извод од план 161/2016 ДУП, локалитет црква УЕ Б, на улица Фрањо Клуз предвидено е домување во станбени згради, а како инвеститор се јавува токму поранешниот градоначалник на општина Аеродром и адвокат, Ивица Коневски.
Градежното земјиште на кое се градат овие згради претходно било во сопстеност на Република Македонија. На 01.12.2012 година е поднесено барање за приватизација на истото тоа градежно земјиште со бр 3588/1.
Симптоматично е што овој ДУП е гласани токму во време на неговиот градоначалнички мандат, што значи Коневски самиот си ги создал условите
Инаку, партнер во градбата е лице кое за време на градоначалствувањето на Коневски изгради огромен градежен бизнис благодарение на соработката со поранешниот градоначалник на Аеродром, за ова ќе пишуваме во некое од нашите следни продолженија.
Оваа бизнис операција на Коневски би требало да биде и предмет на интерес на антикорупциската комисија, ако се знае дека само со градоначалничка плата тој успева да стане градежен инвеститор, кој претходно купи и скап деловен простор во својата општина на булеварот Јане Сандански.
Инаку Коневски е еден од иницијаторите за вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ, чии активности згаснаа по притворот кој му беше одреден на Сашо Мијалков.