Изминативе неколку месеци имаше многу исечени дрва низ Скопје, што предизвика голем револт кај жителите. Локалните власти жестоко беа критикувани дека предизборните ветувања дека ќе се престане со сечење дрва кога СДСМ ќе ја превземе локалната власт, се покажа како голема лага
За да биде апсурдот поголем камионот за пресадување дрвја веќе две години стои на паркинг .Машината што требаше да биде спас за стотици здрави дрвја што не мора да се исечат, туку можат да се преместат на друга локација, била употребена само еднаш, за да се преместат четири дрвја од Кејот на Вардар во паркот „Македонија“.
Директорот на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча во изјава се правда „дека поради плитки цевки за водовод и електрични кабли, минатиот месец во Општината Аеродром морале да се исечат дрвја, иако се подготвувале да ги пресадат“.