Скопје 20. јули 2020. / 19:37

Добиточниот Пазар во Трубарево затворен поради болест кај говедата, овците и козите

Добиточниот Пазар во Трубарево затворен поради болест кај говедата, овците и козите

ЈКП „Гази Баба 2007“ ги известува сите сточари, трговци и угостители, дека Добиточниот Пазар во населено место Трубарево овој вторник нема да работи.

Причината за затворање на пазарот е појавата на болеста “Син јазик” кај говедата, овците и козите.

Согласно препораките од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пазарите нема да работат се додека трае оваа епидемиолошка состојба.