Скопје 11. мај 2020. / 10:56

Делови од Сопиште, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Делови од Сопиште, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Без електрична енергија утре од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат дел од жителите од скопските села Горно и Долно Соње, Општина Сопиште.

Во периодот од 9:00 до 12:00 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Фјодор Достоевски“ во Општина Ѓорче Петров.

Без струја утре од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат дел од корисниците од село Горно Нерези, Општина Карпош.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електросистемот.