„ЕВН Македонија“ АД известува дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија викендов ќе останат делови од Општините Центар и Гази Баба. Во понеделник, делови од Карпош ќе бидат без електрична енергија.
01.12.2018 година (сабота)
од 08:30 до 14:00 часот корисниците од ул. Стив Наумов, Тетовска, Јосиф Јосифовски-Свештарот, Славе Ѓорѓиев и дел од бул. Кочо Рацин, поточно објектите на: Центарот за социjално и здравствено сигурување, Црвениот Крст и околнината. (Oпштина Центар )
02.12.2018 година (недела)
од 07:50 до 18:20 часот корисниците од дел од бул. Киро Глигоров поточно објектите на: Бриколаж, Нептун, Бонум, поранешна кланица Годел, Бетон Скрепер, Поранешен магацин Славија и др. ( Општина Гази Баба )
03.12.2018 година ( понеделник )
од 09:30 до 12:30 часот корисниците од подулица бр. 73 во с. Волково. (Општина Карпош)
од 10:00 до 14:00 часот корисниците од бул. Теодосиј Гологанов бр. 15 и околните објекти. (Општина Карпош)