Скопје 06. септември 2018. / 20:20

Делови од Скопје утре без струја

Делови од Скопје утре без струја

Без електрична енергија утре од 07:30 до 09:30 часот ќе бидат корисниците од селата Љуботен и Љубанци, во општина Бутел и селото Раштак, во општина Гази Баба. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Без струја од 08:30 до 11:00 часот, ќе бидат и корисниците од улица „12″ во село Долно Соње, во општина Сопиште.

Од 08:30 до 11:30 часот, без електрична енергија ќе бидат и корисниците од зградата „Палата Македонија” на улица „Македонија”, во општина Цента.

Без напон од 08:30 до 14:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од село Брњарци, додека од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од населба Стајковци, во општина Гази Баба.

Од 09:00 до 11:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од улиците „Борис Бојаџиски”, „Андон Кецкаров”, „Бертнард Расел” и „Моцартова”, во општина Ѓорче Петров.

Без струја од 12:30 до 15:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од улица „Лесновска” , поточно куќните броеви, „2″, „4″, „6″ и „8″., во општина Карпош.