Скопје 23. декември 2018. / 09:39

Делови од Скопје утре без струја

Делови од Скопје утре без струја

ЕВН Македонија“ известува дека утре, 24 декември, заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров.

Во периодот од 09 до 14 часот без струја ќе останат корисниците од дел од ул. Козле. (Општина Карпош), во периодот од 09 до 11 часот корисниците од непарните броеви од бр. 173 до 187 на ул. Антон Димитров во населба Драчево и во периодот од 09 до 14 часот корисниците од дел од ул. Нерешка. (Општина Ѓорче Петров).