Скопје 09. април 2020. / 14:29

Делови од Центар и Карпош утре ќе бидат без вода

Делови од Центар и Карпош утре ќе бидат без вода

Поради дефект на затварач од ф–400 мм на крстосницата меѓу улица Самоилова и булевар Никола Карев утре (петок, ао април) без вода ќе бидат корисниците од улиците Самоилова и Банатска (општина Центар) како и дел од корисниците од Момин Поток (општина Карпош).

Како што информираат од ЈП Водовод и Канализација, граѓаните ќе бидат без вода од девет часот па се до отстранување на дефектот

Исто така, поради уличен дефект од ф–125 мм на улица Будимпештанска бр.21-б, утре (петок) во периодот од девет часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Будимпештанска, Петар Драганов, Душко Боjковски, Женевска, Осло и Хашка (сите во општина Карпош), известуваат од ЈП Водовод и Канализација.