Дел од корисниците од село Волково, лоцирани околу улиците „19“ и „25“, утре од 9:00 до13:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 10:00 до 15:00 часот, без струја ќе идат и корисниците од улицата „Кичевска“ и дел од улицата „Ибе Паликуќа“ во Општина Ѓорче Петров.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.