Скопје 21. декември 2018. / 15:00

Дедо Мраз утре ќе пристигне со воен хеликоптер

Дедо Мраз утре ќе пристигне со воен хеликоптер

Утре во касарната „Страшо Пинџур“ ќе биде реализирана традиционалната предновогодишна активност „Пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер“, што е организирана од страна на воздухопловната бригада на Армијата на Република Македонија.

На церемонијата Дедо Мраз ќе подели новогодишни пакетчиња на децата од загинатите и починати припадници на воздухопловната бригада, како и на деца на припадници од бригадата и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана.