Поранешната министерка за култура, Ганка Цветанова, реагира до Град Скопје по најавите дека од денеска Градот за време на полицискиот час ќе организира маалски концерти кои граѓаните ќе можат да ги следат од своите балкони.
„Култура во време на корона“ е насловена акцијата на Град Скопје во која ангажираните уметниците ќе добиваат хонорар од 14.500 денари.
-Ек на пандемија, здравствени работници молат за заштитна опрема, мали и средни претпријатија колабираат, луѓе остануваат без работа, а град Скопје организира концерти со хонорари за изведувачите. @CityofSkopje ве молам кажете дека се шегувате!, напиша Цветанова на својот твитер налог.
Ек на пандемија, здравствени работници молат за заштитна опрема, мали и средни претпријатија колабираат, луѓе остануваат без работа а град Скопје организира концерти со хонорари за изведувачите. @CityofSkopje ве молам кажете дека се шегувате!https://t.co/p7S2rP08XF
— Ganka Cvetanova (@gankacv) April 12, 2020