Скопје 06. август 2019. / 16:23

Четири општини од Скопје денеска имаат проблеми со струјата

Четири општини од Скопје денеска имаат проблеми со струјата

Корисниците во од четири општини во Скопје, Студеничани, Сарај, Ѓорче Петров и Кисела Вода, денеска ќе чекаат ЕВН побрзо да заврши со техничките зафати во електросистемот за да добијат струја. Инаку според најавите буквално цел еден работен ден без струја ќе бидат делови од селата Цветово и Драчевица и предавателот на Т – Мобиле над село Цветово, во периодот од 8.30 до 16 часот.

Без електрична енергија ќе бидат и корисниците од викенд населбата Кучково, за среќа само еден час- од 9 до 10, поточно селото Кондово, водовод Кондово, објектот на геолошкиот завод Силекс и корисниците од селата Радуша, Дворце, Горно и Долно Свиларе. Понатаму и корисниците од улицата „4“ во село Усје и оние од селата Рашче, Бојане и Копаница. Од 11 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Волково и од селата Грачани, Кучково и Кондово.