Од почетокот на епидемијата на корона вирусот, во Скопје се заразиле вкупно 3.573 лица. Од нив, во изминатото деноноќие се регистрирани 87 нови случаи со што бројката на активни се искачи на 1.895 пациенти.
Еве по колку активни случаи има во секоја скопска општина:
Чаир – 348, Аеродром – 152, Бутел – 155, Гази Баба – 194, Центар – 142, Карпош – 149, Сарај – 129, Кисела Вода – 113, Ѓорче Петров – 108, Студеничани – 107, Шуто Оризари – 84, Арачиново – 45, Илинден – 29, Петровец – 17, Чучер Сандево – 17, Сопиште – 8, Зелениково-9, Странец – 1, Нераспределен- 89.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 7.406, бројката на починати е 359, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.493.