Скопје 06. мај 2018. / 18:08

Бутел блокиран и поплавен: Дождот направи езера, градоначалникот го нема (ВИДЕО+ФОТО)

Бутел блокиран и поплавен: Дождот направи езера, градоначалникот го нема (ВИДЕО+ФОТО)

Повеќе од еден час возење им е потребен на жителите на Бутел за да излезат од нивната населба.

Поради доцнењето на изградбата на новиот булевар, целиот сообраќај е блокиран, а веќе постоечките сообраќајници, поради невремето, се полни со вода.

Во исто време, поради поројниот дожд блокиран е единствениот влез до единствената амбуланта во Бутел.

Инаку, жителите на Бутел се единствени во Македонија кои не избраа градоначалник од нивната општина. Нивниот градоначалник Велимир Смилевски, живее во Центар.