Скопје 23. декември 2019. / 13:05

Буџетот на Град Скопје за 2020 година е поголем за 12%

Буџетот на Град Скопје за 2020 година е поголем за 12%

Со 75 милиони евра ќе се реализираат капиталните проекти во градот. Според градоначалникот со овие средства ќе се гради Луна паркот, нова универзална сала, кеј на реката Вардар, урбана опрема на Кале како и реконструкција и довршување на десетина булевари. Останатите 44 370 000 милиони евра се планираат за , донации и кредити.

Со ваков буџет се опфатени голем број стратешки проекти и моја цел е Скопје да стане град со модерни услови за живеење, изјави градоначалникот Шилегов.

105 амандмани поднесоа советниците, во тек е расправа во Советот.