Мерките против загадувањето на воздухот не биле активирани, бидејќи УХМР најави засилен ветер, вели портпаролот на владата Миле Бошњаковски.
Од здружението „Скопје смог аларм“, објавија дека минатата недела имало ПМ10 загадување над 200 микрограми на кубен метар на четири мерни станици во Скопје во четири различни денови, но дека мерките не биле активирани.
Минатата недела имаше ПМ10 загадување над 200 мг/м3 (24h просек) на четири мерни станици во @CityofSkopje, во четири различни денови. Итни мерки од @VladaMK сѐ уште нема.@RadioMOF @meta_agency @PlusInfomk @Makfax @24_Vesti @VidiVakaVideo @A1ONMKD @dw_macedonian @SDKsakamdakazam pic.twitter.com/Vms6Aj0STm
— Skopje Smog Alarm (@SkopjeSmogAlarm) December 10, 2018
Бошњаковски на Твитер потврдува дека на 3 и 4 декември биле надминати среднодневните концентрации на ПМ10 над 200 микрограми – односно на 03 декември била измерена концентрација од 206.88 микрограми во Карпош и 233.08 во Ректорат, а на 4 декември концентрација од 229.6 во Карпош и 283 во Ректорат. Но, напиша дека мерките не биле активирани затоа што од УХМР бил најавен засилен северен ветер.
– Прагот на алармирање на ПМ10 се смета за надминат доколку се измерени среднодневни концентрации од 200 микрограми во текот на два последователни дена и е добиена прогноза од УХМР за стабилна временска состојба. Меѓутоа на 4 и 5 декември беа добиени прогнози од УХМР во текот на 5 декември и наредните денови ќе дува засилен северен ветер што придонесе за значително намалување на концентрациите на ПМ10 уште во текот на утринските часови на 5 декември и поради тоа не беа активирани мерките. – пишува во одговорот од Министерството кој го сподели Бошњаковски.
Здраво на сите,
Одговорот на прашањето е во прилог. Информациите се добиени од Министерството за животна средина. pic.twitter.com/Gi8dbEhzjw
— Миле Бошњаковски (@portparolVRM) December 10, 2018