Скопје 15. јули 2020. / 15:04

Богдановиќ: Жената која во аудиото се претставува како вработена во Општина Центар – не работи кај нас!

Богдановиќ: Жената која во аудиото се претставува како вработена во Општина Центар – не работи кај нас!

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, експресно реагираше до редакцијата на Лидер по објавената снимка во која извесна Маја Т. се претставува како вработена таму.

-Во нашата општина, нема вакво вработено лице, вели Богдановиќ.

Претходно, Лидер објави аудио снимка во која во име на Општина Центср жена повикува луѓе да излезат на гласање.

Претходно читател до редакцијата на Лидер, достави аудио снимка од вработената во оштината која користејќи ги ресурсите на власта, притиска луѓе да гласаат за СДСМ.