Скопје 11. March 2019. / 19:38

Богдановиќ продолжува да им помага на социјално загрозените семејства

Богдановиќ продолжува да им помага на социјално загрозените семејства

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ продолжува со акциите за помош на семејствата, кои што се социјално загрозени.

Овој пат, општината во соработка со здруженија и маркети, поделија 150 пакети со основни животни намирници на нивните сограѓани.

– Продолжуваме да им помагаме на семејствата во социјален ризик територијата на Општина Центар. И овој месец поделивме 150 пакети со основни животни намирници на нашите сограѓани на кои им се најпотребни. Благодарност до здружението „Банка за Храна“ и маркетите Рамстор, Кам, Веро, Тинекс, Жито Маркети, Стокомак, Гранап и Кит Го кои не поддржуваат во оваа мисија. – напиша Богдановиќ на Фејсбук.