Саша Богдановиќ, градоначалникот на скопската општина Центар во статус на фејбсук објавува дека во општинското основно училиште „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец, нема да дозволат да има средно образование.
Приватното средно училиште „Арс студио“ бара да го изнајми новото основното училиште „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец во скопската Општина Центар. На 24 ноември лани до училиштето е поднесено барање, по што директорката ги запознала членовите на училишниот одбор. Минатиот месец, за идејата средношколци од приватно училиште да учат заедно со основци во новото училиште биле известени и родителите кои остро реагирале и побарале иницијативата веднаш да се отфрли.