Откако Уставниот суд привремено го укина мораториумот за забрана за градење што го донесе Општина центар до донесување на конечната одлука, општинските органи ќе мора да издаваат дозволи за градба според постоечкиот урбанистички план.
Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ вели дека е разочаран од одлуката бидејќи мораториумот бил во корист на граѓаните.