Скопје 17. јуни 2020. / 09:45

Без вода неколку улици во општина Центар кај Католичка црква

Без вода неколку улици во општина Центар кај Католичка црква

Без вода денеска неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Центар и Карпош.

Поради изведување водоводен приклучок од ф-80 мм на ул.„Васил Стефановски“ бр.30 од девет часот до завршување на активностите без вода ќе останат корисниците од улиците „Васил Стефановски“, „Роза Луксембург“, „Петар Поп Арсов“ и „Костурски херои“, како и дел од корисниците од улиците „9 Мај“ и „Христо Смирненски“ во општината Центар.

Утре, пак, без вода утре во периодот од 08.30 до 13.30 часот ќе останат корисниците од ул. „Скупи“ – крак 1, 3 и 5 во општината Карпош.

Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок од ф-150 мм на ул.„Скупи“ б.б.