Скопје 20. април 2018. / 11:26

Без вода денеска неколку улици во Скопје

Без вода денеска неколку улици во Скопје

Водовод известува дека на ден 20.04.2018 г. поради уличен дефект ф-100мм на Бул. Свети Кирил и Методиј бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците дел од Бул. Свети Кирил и Методиј, Тутунска Банка и Рамстор до завршување на дефектот.

Поради изведување на водоводен приклучок од Ф-100мм. на ул.Дичо Петров бр.6 во населбата Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Антон Попов, Дичо Петров, Вера Јоциќ, дел од Иван Козаров и Марко Цепенков, до завршување со активностите.