Дел од населбата Пржино денеска од 10 часот ќе нема вода поради поврзување на нов водоводен приклучок со постоечката водоводна мрежа.
Без вода ќе останат корисниците од високата зона на улиците „Милан Мијалковиќ“, „Кочанска“, „Полог“, „Зеленгора“, „Пејо Јаворов“, „Караџица“, „Пандо Кљашев“, „Кара Трифун“, „Малина Попиванова“, „Виктор Иванович Глигориевич“ и „Мариовска“ со сите кракови.
Прекинот, како што информираа од РЦУК, ќе трае до завршување на активностите.