Скопје 28. ноември 2018. / 11:56

Без вода дел од жителите од населбите Влае и Пржино

Без вода дел од жителите од населбите Влае и Пржино

Без вода денеска ќе бидат дел од жителите на скопските населби Влае и Пржино. Од јавното претпријатие „Водовод и канализација” Скопје известуваат дека прекинато водоснабдување ќе има до завршување на работните ангажмани.

„Ве известуваме дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф 200мм.на улицата Кленоец број 7 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Кленоец и Сливовска. Прекинот трае од 10.20  часот.

Исто така денеска поради уличен дефект ф 80мм.на улицата Полог број 12  прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Пржино висока зона. Прекинот трае од 11:05  часот па се до завршување на поправката“, информираат од ЈП Водовод и канализација.