Скопје

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Без електрична енергија утре од 8 до 10 часот ќе бидат корисниците на дел од улиците „Ганчо Хаџипанзов“ и „Капиштец“ во општина Центар.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија од 8 до 15:30 часот ќе останат и корисниците од улица „Дебарца“ бр. 46, Буњаковец, во општина Центар.

Без струја од 10 до 12 часот ќе бидат корисниците од  улица „Капиштец“, во општина  Центар.

Од 9  до 12 часот утре без напон ќе бидат корисниците од дел од улица „Андон Дуков“, дел од улица „505“ и дел од улица „507“, наспроти „Центар за странски јазици“, улица „Орце Николов“ од 150 до 160 (парни броеви), наспроти „Центар за странски јазици“, дел од улица „Драган Ѓаконовски Шпато“, кафеана „Пошта“, во општина Центар.