Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Петровец и Карпош, а задутре делови од општините Бутел, Центар и Аеродром.
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат следните корисници: Oд 08:15 до 12:30 часот, корисниците од селата: Катланово, Градманци, Летевци и Катлановска Брезница. ( Општина Петровец ), a од 09:00 до 14:30 часот, делови од улиците: Миладин Поповиќ и Орце Николов. ( Општина Карпош )