Скопје 12. јуни 2020. / 18:30

Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Студеничани

Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Студеничани

Без напојување со електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Ѓорче Петров и Студеничани.

Од РЦУК Скопје соопштија дека прекинот со напојувањето со електрична енергија е поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Без струја од 9 до 13 часот ќе бидат корисниците од дел од ул. „Борис Сарафов“ и ул. „Арсениј Јовков“ во општината Ѓорче Петров. а од 9 до 17 часот корисниците од дел од с. Маркова Сушица, Каменоломите на Беровиќ и Гама Градба во општината Студеничани.