Скопје 14. април 2020. / 10:53

Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош

Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош

Поради закажаните технички зафати, утре без струја ќе останат корисниците од дел од општините Ѓорче Петров и Карпош.

Како што соопштија од РЦУК – Скопје, во период од 09:00 до 13:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од селото Кучково, над манастирот Свети Ѓорѓија.

Во период од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Кленоец“, „Мраморец“ и „Ангел Динев“.