Скопје 24. декември 2018. / 09:35

Без струја делови од Скопје

Без струја делови од Скопје

Заради изведување технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија денес ќе бидат делови од општините Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Козле“ во општина Карпош, а во периодот од 09:00 до 11:00 часот корисниците од непарните броеви од бр. 173 до 187 на ул. „Антон Димитров“ во нас. Драчево, во општина Кисела Вода.

Прекин во снабдувањето со струја во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе имаат корисниците од дел од ул. „Нерешка“ во општина Ѓорче Петров.