Скопје 12. август 2020. / 08:53

Без струја делови од Кисела Вода и од Сарај

Без струја делови од Кисела Вода и од Сарај

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општина Кисела Вода и од општина Сарај.

Од 8.30 до 13 часот објектите на фирмите во кругот на поранешната фабрика „Стаклара“ (општина Кисела Вода);

Од 9 до 12.30 часот улицата Методија Патчев, од бр. 27 до бр. 33, и улицата Антон Димитров, од бр. 134 до бр. 154, во населбата Драчево (општина Кисела Вода);

Од 9 до 14 часот селата: Семениште, Буковиќ, Чајлане, Арнакија, Ласкарци, Паничари и Раовиќ (општина Сарај).