Дел од општините Карпош, Центар, како и дел од населбата Влае утре во одреден период од денот нема да имаат струја поради технички зафат од страна на ЕВН.
Како што информира РЦУК, од 08:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од објектите на улицата ,,Фјодор Достоевски” во Карпош и дел од населбата Влае, од 09:00 о 12:00 корисниците од булевар ,,Партизански одреди” во Центар, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на дел од улиците ,,Петар Драганов” , ,,Копенхагенска”, ,,Бриселска”, ,,Његошева” и ,,Софиска” во Карпош.