Многумина се запрашаа што се случило со пејачката чиј глас во деведесеттите сите ја обожавале.
Во тој период, се шпекулирало и пишувало за романтичната врска помеѓу Жељко Јоксимовиќ и Светлана Цеца Славковиќ.
Цеца Славковиќ била зачетник на етно-поп музичкиот бран на почетокот на 21. век. Била многу активна, пред се на српската музичка сцена, но во еден момент исчезнала.
Жељко и Цеца заедно соработувале на нејзиниот албум Тајна, кој доживеал голем успех, а се зборува дека пејачите биле и во врска.
Пејачката, поради секојдневниот притисок од јавноста, изјавила дека не сака веќе да се врати на естрадата, но продолжила да се занимава со музика.
-Се занимавам со вокална продукција. Работам во музичките студија со своите колеги и продуцирам пејачи. Секогаш својата енергија ја вложував во создавање на нови вокални уметници, дури и повеќе отколку што сум се занимавала за сопствената кариера.- изјаивла Цеца за српските медиуми.