Сцена 08. мај 2018. / 16:25

Во јули Цеца ќе се сонча во Охрид ама и ќе пее

Во јули Цеца ќе се сонча во Охрид ама и ќе пее

Најголемата балканска ѕвезда Светлана Ражнатовиќ – Цеца на 28 јули ќе одржи голем концерт во Охрид, на стадионот “Билјанини Извори”.

Со песните од новиот албум – “Анѓео другог реда”, “Лажов ноторни” , „Аутограм”, „Јадна ти је моја моч”, „Трепни”, “Дидуле”… и други безвременски хитови, мега популарната и најбараната пејачка од соседството Цеца веќе полни концертни сали и стадиони низ целиот свет.

Овој пат на ред е нашиот македонски бисер каде Цеца ќе приреди повеќечасовен концерт за паметење на кој ќе одекнуваат нејзините најголеми хитови. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре и истите може да се набават преку продажната мрежа на “Купи карти за сѐ”, “Пола Југотон” и”Цвеќара Розе” – Веро 2.