Сцена 14. јули 2018. / 11:49

Во 101-та година од животот почина првата сопруга на Френк Синатра

Во 101-та година од животот почина првата сопруга на Френк Синатра

Првата сопруга на славниот Френк Синатра, Ненси Барбато почина во 101 година од животот, соопшти денеска нејзиното семејство.

Ненси била првата од четирите сопруги на легендарниот Френк Синатра.Со неа популарниот пејач имаше три деца, Френк Јуниор, Тина и Ненси, која во 60-тите години на минатиот век била позната пејачка, пренесе АП.

Инаку Френк Синатра по разводот од Ненси во 1951 година се оженил со филмската дива Ава Гарднер.