Сцена 15. мај 2018. / 09:54

Таткото на Меган Маркл заврши во болница – ситуацијата сериозна, не доаѓа на свадбата

Таткото на Меган Маркл заврши во болница – ситуацијата сериозна, не доаѓа на свадбата

Седумдесет и три годишниот татко на идната војвотка Меган Маркл, Томас Маркл рекол дека не сака да дојде на венчавката поради тоа што пред само 6 дена имал срцев удар.

Додатна причина зошто Томас не сака да присуствува на големата свадба е тоа што не сака на Меган да ѝ создаде непријатност поради тоа што добил пари од папараците за фотографии кои се направено со негова помош. Својот договор со папараците Томас се обидел да го одбрани со тоа што на фотографиите изгледал неуредно, па сакал јавноста да добие вистина слика за него.

Посебно го вознемирила фотографијата на која купува пиво, кое инаку никогаш не го пие. Пијалокот наводно бил за некој друг.

Според Дејли Мејл, Томас Маркл никогаш не побарал лекарска помош за овој наводен негов срцев удар.

Томас Маркл требало да биде со својата ќерка во саботата, но се чини дека на крајот сепак нема да отпатува за Лондон, туку ќе остане во САД. Мајката на Меган, Дорија Рагладн ќе ја испрати својата ќерка до олтарот.