Пејачката Рада Манојловиќ тешко ја поднесе разделбата со Харис Берковиќ, па дури и обидот за смирување што следеше минатата недела во Хрватска се заврши неславно.
Според српскиот магазин „Свет“, минатата недела, по кавгата со Харис, Раса почувствувала дека нејзиното срце брзо трепери, па поради страв да не ѝ се случи нешто, се напила две апчиња за спиење.
Веќе по 15 минути кога не ѝ било подобро, повторно се напила апчиња и заспала.
Пејачката влегла во таков длабок сон што не го слушнала ни ѕвоното на вратата, а нејзината сестра Маја, која ги имала клучевите од нејзиниот стан, влегла и ја нашла во таква состојба.
Како што наведува ова списание, Маја веднаш ги повикала лекарите, кои веднаш ѝ го испразниле желудникот и ѝ дале инфузија.