Сцена 21. јуни 2018. / 20:05

Солзи на свадбата на Александра и Филип: Еве што предизвика емоции кај мајката на пејачката

Солзи на свадбата на Александра и Филип: Еве што предизвика емоции кај мајката на пејачката

Помеѓу сватовите кои ја прославуваат денешната венчавка на пејачката Александра Пријовиќ и незиниот избраник Филип Живојиновиќ, стигна и, мајката на Прија, Борка Михајловиќ.

-Никогаш не сум сонувала дека ќе има свадба од 900 гости, но знаев дека ќе биде ѕвезда. Дождот не ја расипа свадбата, но тоа е знак дека ќе има здравје и среќа.- рекла мајката на Александра.

-Повеќе пати плачев од среќа денеска. Ако има можност ќе запеам на свадбата, но моја задача е да се веселам. Александра ми рече дека нема трема, дека е опуштена, како да знаела дека вака ќе биде. Сакам внук и внука, а на зетот му давам оцена 10.- додала мајката на пејачката, пренесуваат српските медиуми.